Лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на пресудата

Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на одлуката на судот со која лидерката на француската крајна десница е осудена на четири години затвор, соопшти нејзиниот адвокат.

Според одлуката, две од вкупно четирите години затвор ќе бидат условна казна. Судот пресуди и дека Ле Пен треба да добие петгодишна забрана за вршење јавна функција и треба да плати парична казна од 100.000 евра.

Ле Пен е прогласена за виновна за проневера на европски фондови.

„Ова е удар за демократијата“, рече нејзиниот адвокат.

„Марин Ле Пен ќе продолжи да се бори“, изјави портпаролот на нејзината партија Национален собир.

Ле Пен важи за еден од фаворитите за претседателските избори во Франција закажани за 2027 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен