Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на денешната собраниска седница говореше во врска со поддршката за земјоделството и ветените нови мерки. Тој потенцираше дека земјоделците веќе една година чекаат на реализација на нови програми, политики и мерки кои беа најавувани од владината коалиција, но досега не се реализирани.
Помина една година во која што чекаме што ќе се случи. Нови програми, нови мерки, нови политики, ветувања од програмата на владејачката коалиција и еве едно резиме на состојбите и работите и земање предвид на она каде што имаме соодветни проблеми или каде што Владата ветила едно, а воопшто тоа не се случува, рече Николовски.
Но, една година нема ниту една нова мерка, нема ниту една нова политика, нема ниту една нова програма. Значи ни мерка, ни политика, ни програма, односно повторување и континуитет на политиките коишто сите беа критикувани. И за коишто може исто така да збориме многу, како беа критикувани зелената нафта, интервентниот фонд, школски шеми, модел на субвенционирање на тутун по класи, национални саеми, големите проекти коишто започнаа во министерството, дури и креативите на министерството се исти, не се променети од претходно“, истакна Николовски.