Мадрид се откажува од СПИКЕ ЛР2 ракетите поради израелско-палестинскиот конфликт

Шпанија ја откажа набавката на противтенковски ракетни системи, што требаше да бидат произведени во Шпанија од страна на подружница на израелска компанија, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Одлуката се однесува на 168 противтенковски ракетни системи СПИКЕ ЛР2, во вредност од 285 милиони евра. Шпанската Влада ја одобри набавката на 3 октомври 2023 година, четири дена пред нападот на Хамас врз Израел, што ја иницираше војна во Појасот Газа.

Левичарската Владата на Шпанија предводена од Педро Санчез наводно престанала да извезува оружје за Израел на 2 октомври 2023 година, но има извештаи дека некои пратки биле извезени и после тоа.

Шпанија во мај минатата година формално ја призна палестинската држава, заедно со Норвешка и Ирска.

Зачлени се на нашиот е-билтен