Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мајка хероина од Цетиње: Ранетата Марија побегнала со синот во рацете само за да го спаси!


Црногорскаата полицијата објави дека Ацо Мартиновиќ, во две куќи на свои роднини во населбата Хумци, го убил сопругот на Марија, Марко, а пред тоа во кафаната Велестово го убил и неговиот брат Милош.

Марија М.(38), иако ранета, успеала со синот во раце да стигне до соседната куќа на Булајиќ и да им го предаде детето.

Ацо Мартиновиќ потоа отишол во куќата на нивните родители и ги убил сопружниците Р.М.(70) и Р.М.(63) и нивниот гостин Ј.О.(55).

Ваквите информации претходно на прес конференција ги потврди в.д директорот на полициската управа Лазар Шќепановиќ, пренесува Telegaf.rs.

„Мартиновиќ со возило „фиат стил“ дошол во населбата Хумци и се паркирал пред куќата на жртвите на Мартиновиќ, по што прво го одзел животот на Ј.О., роден 1970 година, кој бил во куќата на М.М. роден 1986. година кој исто така го убил. Во оваа прилика била ранета М.М. 1987 година, (сопругата на убиениот М.М.), која успеала, иако била ранета да побегне со детето во рацете во куќата на првите соседи., Потоа убиецот отишол во куќата на родителите на веќе убиениот М.М и ги убил родителите Р.М., роден 1955 година и Р.М 1962 година“, рече Шќепановиќ, на прес конференцијата за новинарите.

Зачлени се на нашиот е-билтен