Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонците јадат еден од најскапите лебови во Европа

Македонските граѓани јадат многу поскап леб за разлика од пред пет години. Eвростат регистрира дека има големо поскапување на цената на лебот во земјава. 

Во Македонија е забележано третото најголемо поскапување на лебот во Европа во изминатите пет години, според податоците на Евростат.

Евростат објави дека лебот во Македонија поскапил за 65 отсто.

Најголемото поскапување е евидентирано во Унгарија од 113 отсто, а на втората позиција е Полска со пораст од 75 отсто. 

Големо поскапување на лебот има и во Словачка од 62 отсто и во Хрватска од 58 отсто, а во нашето окружување, цената на лебот во Бугарија станала повисока за 54 отсто, а во Србија за 39 отсто. 

Лебот најмалку поскапел во Швајцарија – 8 отсто, во Финска – 17 отсто, во Франција – 20 отсто  и  во Шведска – 20 отсто. 

Зачлени се на нашиот е-билтен