За време на 29-та сесија на Конференцијата, Република Северна Македонија, денеска успешно е реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за периодот 2025–2027 година, пишува во соопштението на Министерството за надворешна работа и надворешна трговија.
Од таму информираат дека на гласањето, кое се одржало денеска во Хаг, нашата кандидатура освоила 86 гласови, во конкуренција со три држави за две слободни места.
“Членството е потврда за посветеност кон глобалните напори за разоружување и уништување на хемиското оружје“, пишува во соопштението на македонското министерство.