Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонската полиција фатила бегалец од турски затвор

На 10.01.2025 околу 18.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги, по претходно преземени оперативни мерки, на ул.„Бапчор“ во Скопје лишен од слобода е А.С. (44) од Анкара, Турција. кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Турција поради бегство од затвор во Турција.

А.С. е осуден на казна затвор во траење од 23 години, еден месец и 15 дена за сторени кривични дела измама и навлегување во компјутерски систем, а за  доиздржување има 18 години, девет месеци и 13 денови. А.С. е предаден на надлежниот суд, за понатамошна постапка околу екстрадицијата во Турција.

Зачлени се на нашиот е-билтен