Францускиот претседател Емануел Макрон упати честитка до новоизбраниот германски канцелар Фридрих Мерц, истакнувајќи ја важноста на продлабочената соработка меѓу Париз и Берлин.
„На нас е да го направиме француско-германскиот мотор посилен од кога било и да ја забрзаме нашата европска агенда за суверенитет, безбедност и конкурентност“, порача Макрон на германски јазик.
Двајцата лидери ќе се сретнат утре во Париз, во рамки на првото странско патување на Мерц како канцелар, кое вклучува и посета на Варшава.