Детална анализа на говорот на телото на Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит по инцидентот во Виетнам.
Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во центарот на вниманието кога неговата сопруга Брижит наводно му удрила шлаканица за време на посетата на Виетнам. Камерите ја снимија сцената за која зуи цел свет – се отвора вратата од авионот, а потоа се гледа како Брижит удира во Маркон, што многумина го протолкуваа како „зезање“.
Експерт за говор на телото го анализираше инцидентот кој се случи пред камерите на светските медиуми и откри за што всушност се работи.
Францускиот претседател, според Џуди Џејмс, се чини дека ја стегнал едната рака во тупаница додека излегувал од авион во Виетнам, веднаш по пристигнувањето во земјата во неделата вечерта, по инцидентот со неговата сопруга.
Говорејќи пред новинарите во Ханој, Макрон рече дека инцидентот бил преувеличен.
„Се зезавме, поточно се шегувавме, јас и мојата сопруга. Ништо од тоа не е вистина. Сите треба да се смират“, рече Макрон.
Сепак, како што рече Џејмс, моментот беше далеку од „зезање“ или „задевање“ меѓу сопружниците што Макрон и неговиот близок круг се обидоа да ги прикажат.
„Гестот што го видовме од авионот не би го опишала како некаква „игра“, како што беше претставен“, рече таа, додавајќи:
Туркањето на раката на партнерот во лице со таква сила што неговата глава се оддалечува на страна и мора да ја испружи раката за да одржува рамнотежа, не треба да се нормализира со тоа што ќе го наречете „зезање“ само за да се спаси политичкиот углед“.
Претходно во понеделникот, претставник на Елисејската палата за видеото изјави:
„Тоа беше момент кога претседателот и неговата сопруга сакаа да се опуштат и да се насмеат уште еднаш пред почетокот на патувањето… Тоа беше момент на блискост“, го опишаа спорното видео.
Да потсетиме, Брижит Макрон имала 39 години и била мажена мајка на три деца кога го запознала петнаесетгодишниот Емануел Макрон во 1993 година, додека работела како негова професорка во средно училиште и ја водела драмската секција.
Потоа Макрон се преселил во Париз за да ја заврши последната година од средното училиште, но и ветил дека ќе се ожени со неа. Подоцна и таа се преселила во француската престолнина за да биде со него, се развела и конечно се омажила во 2007 година.
Најпрво тврдеа дека видеото е лажно
Снимката на која двојката се расправа во авионот првично беше опишана како неавтентична од канцеларијата на Макрон, пред набрзо да биде потврдена како автентична.
Близок соработник на претседателот подоцна го минимизираше инцидентот, нарекувајќи го безопасна „шега“ меѓу сопружниците.
Во моментот што го забележаа камерите на неколку меѓународни медиуми, се гледа како Брижит ги подава рацете од левиот дел на отворената врата на авионот и со двете раце го „турка“ лицето на сопругот. Претседателот изгледа изненаден, но брзо се собира и се врти да мавта низ отворената врата.
Во меѓувреме, Брижит останува скриена зад телото на авионот, па не може да се види нејзиниот израз на лицето или говорот на телото.
Двојката потоа оди надолу по скалите до официјалниот пречек од виетнамските власти, но Брижит не ја прифаќа понудената рака на Макрон. Макрон потоа цврсто ја стегна тупаницата додека се оддалечуваа од пистата, очигледно многу лут, пишува Дејли Мејл.
Коментирајќи го видеото, Џуди Џејмс постојано нагласува дека инцидентот не може да се окарактеризира како шега.
„Некои неизбежно ќе го претворат ова во „шега“, но јас би го нарекол навистина шокантно и би го рекла истото ако било кој друг пар што шета по улицата, без разлика кој кого турнал“, вели таа.
Џејмс објасни дека тврдењата дека сопружниците „разиграни“ не се во согласност со нивниот говор на телото.
„Потоа нема заедничка смеа, насмевки или задевања. Макрон мавта како да се обидува да го најде својот пат во моментот, а потоа се свртува кон сопругата, но се чини како да го допира и неговото лице, како да проверува што се случило“, додава таа.
„Ако на ист начин и ги ставаше рацете на нејзиното лице, дали тоа ќе се нарече „шега“? Затоа не треба да се вика така кога таа му го направи тоа“, јасна е Џејм во нејзината анализа.
Таа додаде дека иако снимката не е сосема јасна, се чини дека Брижит ги користела двете раце за да го турне лицето на нејзиниот сопруг, што „можело лесно да го исфрли од рамнотежа и да го натера да се сопне“.
Кога потоа заедно одеа по скалите на авионот, таа рече дека изгледа како да посегнува кон неа, но тие продолжија без да се допираат.
Џејмс додаде дека со претстојната посета на ОК, Макроните ќе треба да бидат свесни за „дополнителното внимание што сега ќе биде фокусирано на нивниот говор на телото“.