Францускиот претседател Емануел Макрон во новата 2025 година влегува со ниска популарност помеѓу гласачите. Последните анкети покажуваат најниско ниво на поддршка од протестите на „жолтите елеци“.
Анкетата спроведена од агенцијата за истражување на јавното мислење Толуна Харис Интерактив за телевизијата LCI покажува дека тројца членови на француската влада имаат поддршка повисока од Макрон.
Поддршката за Макрон изнесува 32 отсто, само еден процент повеќе отколку што имаше во ноември 2018 година, кога протестите на „жолтите елеци“ беа актуелни.
Тројцата политичари на кои Французите им веруваа најмногу во декември беа министерот за внатрешни работи Бруно Ретајо и министерот за одбрана Себастиен Лекорну, кои беа поддржани од 42 отсто од испитаниците, како и новиот министер за правда Жерар Дарманин, кој ужива 41 отсто од поддршката од граѓаните.