Емануел Макрон ја поздрави веста за паѓањето на режимот на Башар ал Асад, истакнувајќи дека паднала варварската држава.
Францускиот претседател истакна дека неговата држава ќе остане посветена на безбедноста на сите народи на Блискиот Исток.
Тој во објавата на социјалните мрежи напиша дека оддава почит на сирискиот народ за нивната храброст и трпение.
„Варварската држава падна. Конечно. Му оддавам почит на сирискиот народ за нивната храброст, за трпението. Во овој момент на неизвесност, им посакувам мир, слобода и единство“, наведе Макрон.