Најмалку 15 куќи и повеќе возила изгореа откако мал авион се урна врз станбен кварт во Сан Диего, Калифорнија. Поради инцидентот евакуирани се жителите од неколку улици.
Американската Федерална администрација за авијација (ФАА) соопшти дека авион Цесна 550 се урна во близина на аеродром Монтгомери-Гибс.
Сè уште е непознато колку луѓе имало во авионот, а исто така нема информација за евентуалниот број на жртви.
Со авионот Цесна 550 може да превезува помеѓу шест и осум патници.