Манифестацијата Денови на Македонската култура во Белград – „Допир на Македонија“ – ќе биде отворена на 7 мај со изложба на слики од уметникот Тодор Јовановски во просториите на музејот „Жарково“ – Градски музеј Белград.
Делата на македонскиот уметник претставуваат длабока емоционална и културна врска со Македонија, а како што е истакнато, изложбата има и хуманитарен карактер, наведуваат организаторите од Македониум, здружение на Македонците во Белград.

„По повод неодамнешната трагедија што го погоди градот Кочани, сликарот Јовановски ја донира својата слика „Виолинист“, работена во масло на платно. Средствата од продажбата на таа слика ќе бидат насочени кон помош на семејствата на пациенти од Кочани кои моментално се лекуваат во Белград“, се истакнува во соопштението за јавноста на здружението „Македониум“.