МАНУ организира тркалезна маса „Зелен раст – посебен осврт врз Северна Македонија“

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска организира тркалезна маса на тема „Зелен раст – посебен осврт врз Северна Македонија (Животна средина, циркуларна економија, енергетска транзиција, трговија). 

Поздравен говор ќе одржи академик Владо Матевски по што следуваат два панела: „Циркуларна економија и животна средина“ и „Енергетска транзиција и одржливост“.

Како да се вгради еколошката компонента во развојот на Северна Македонија?, Секундарни минерални суровини во Северна Македонија – состојби, предизвици и можности, Циркуларна економија во Северна Македонија – бизнис практики и зелени вештини во индустријата, Каде, како и со кого? Локации, субвенции и јавно мислење за соларна и ветерна енергија во функција на зелениот раст, Доделување концесии и/или издавање на лиценци, некои потенцијални ризици во
зачувувањето на биолошката и пределната разновидност, Циркуларната економија како решение за пластичниот отпад: интегриран пристап кон одржлива иднина, како и Зелена транзиција на полимерите: биопластика, се темите на првиот панел. Ќе биде изнесена и Обсервација на корелацијата помеѓу растот и загадувањето – наоди од научен проект. 

Зачлени се на нашиот е-билтен