Меџити и Божиновска донесоа електричен автомобили, порачаа дека така ќе го чистат воздухот во Скопје

Министрите за животна средина и за енергетика, Изет Меџити и Сања Божиновска, придружувани од градоначалниците на аеродром и на Гази Баба, денеска пред Владата пристигнаа во електрично возило. Промовирајќи го систем за целосно електрично споделено возење Avant2Go, порачаа дека скопјани од системот ќе имаат сериозни придобивки, како почист воздух, потивки улици, намален сообраќаен метеж.

„Ават2Го“, не е само технолошка новина, туку и стратешка инвестицјиа во еколошката, сообраќајната и економската иднина на државата. Тоа ќе значи нулта емисија на штетни гасови, диретно придонесувајќи за намалување на аерозагадувањето, осбоено во урабните средини како Скопје. Елекирчините возила се значително потивки од класините, а според светските стандарди, едно Car-Charing возило заменува од 10 до 15 приватни возила, додаде Меџити.

Министерката Божиновска рече дека со овој проект започнале уште минатата година и дека очекува многумина граѓани во иднина да ги користат овие услуги.

„Благодарност до градоначалницие што овозможија паркинг места. Моментално имаме 100 возила и истите може да се паркираатна повеќе места. Во пилот – проектот во моментов се вклучени општините Аеродром Гази Баба, Чаир и Кисела Вода“, рече Божиновска.

Во однос на полначите, Божиновска истакна дека се побарани гаранции за потекло на енергијата, а тоа значи дека таа ќе биде од обновливи извори, а тоа е во согласност со ЕУ препораките за намалување на загадувањето.

„Ова ќе биде достапно на сите граѓани, а цената ќе биде поевтина од такси услугата. Очекувам да има повеќе паркинг места на универзитетите за да може да ги користат и студентите“, рече Божиновска.

Изнајмувањето на ваков електричен автомобил, чини 22 денари по изминат километар, додека минутата возење чини 6 денари. Достапни се 100 автомобили, на 40 до 60 локации. Основачот на проектот, Матеј Цер, рече дека за две до три години во Македонија ќе има околу 1000 електрични автомобили на услуга на граѓаните и низ другите градови.

Зачлени се на нашиот е-билтен