Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Меџити откако откри дека Груби е во Албанија вели политичарите да не давале информации

Откако министерот за животна средина Изет Меџити во јавноста соопшти дека поранешниот вицепремиер Артан Груби не е во Косово, туку во Албанија, сега вели дека не е работа на политичарите да даваат информации.

„ Пораката е дека никој не е над законот, да ги оставиме МВР и на судството да си ја вршат својата работа, изјави Меџити.

Според него, политичарите треба да дадат порака дека борбата против корупцијата е бескомпромисна и дека никој не е над законот.

„Пораката е дека никој не е над законот. Секој кој се огрешил треба да одговара, а ќе го оставиме на МВР и на судството да си ја вршат својата работа. Тоа не е наша работа, работа на политичарите е да дадат порака дека борбата против корупцијата е бескомпромисна и дека никој не е над законот“ изјави Меџити денеска пред почеток на настанот во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

Претходно во интервју за албанска телевизија „Ора њуз“, Меџити рече дека има информации оти Груби не е повеќе во Косово, туку дека отпатувал во Албанија.

Зачлени се на нашиот е-билтен