„Празничен концерт, каде што учествуваа училиштата, градинките, сите институции и едноставно не можев да направам разлика помеѓу Скопје и Тирана за време на прославите. На некого таквата атмосфера му пречеше, и затоа манипулираше со младите, кои по инструкции сакаа да ја нарушат празничната атмосфера“, рече првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, во врска со хулиганството што се случи на прославатла за време на Денот на албанското знаме.
Тој, како што рече ‘ја повикувам популацијата на смиреност, да ја надминеме оваа ситуација, и со голема одговорност велам дека секој што го прекршил законот, член 393, ќе одговара пред органите на правдата’.
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Меџити, во врска со инцидентите што се случија со палењето и сквернавењето на државното македонско и албанското знаме, рече дека ќе одговараат сите и нема да има компромис кон ниту едно лицо кое го прекршило законот. Тој ги поврза инцидентите во земјава со настаните кои се случија на северот на Косово изминатите денови како обид за дестабилизација ан регионот.
„Истото се случува и во Митровица со водоводот, со терористичкиот акт, а исто така и овде има сили што сакаат да дестабилизираат. Беше очигледно дека ноемвриските празници беа одбележани како никогаш досега, започнувајќи со свечената седница на Владата и завршувајќи со централната манифестација на плоштадот ’Скендербег’“,порача Меџити.
Според Меџити и тие кои запалија и сквернавеа државно знаме, но и тие со албанското знаме во Прилеп, ќе добијат кривични пријави.
„Ќе се покрене дисциплинска постапка за полицаецот од Куманово кој место да држи ред и мир, се бави со знамињата што не е негова одговорност. Тоа е одговорност на општината или на јавното претпријатие кое ги поставува и ги отстранува знамињата, а во овој случај не беше така, “