Медиумите во Македонија пренесуваат дека ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани немал лиценца за работа, односно последната била издадена на 13 март 2023 година.
ТВ 21 објави документ – лиценца за вршење угостителска дејност со времетраење од една година, која истекла во март 2024 година. Засега нема официјални информации дали дискотеката поседувала друга важечка дозвола или дали претходната била продолжена.
Претходно беше објавено дека дискотеката имала дозвола за работа која истекувала на 24 март, оваа година.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, не откри детали за ова прашање како и за другите за текот на истрагата, освен дека е распишана потерница за четири лица поврзани со трагедијата.