, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, за РИА Новости изјави, дека Германија веќе де факто учествува во конфликтот во Украина – не само преку испорака на оружје, туку и преку присуство на нејзини експерти на теренот. Според него, станува збор за полноправно, а не за хибридно учество во воениот конфликт, а евентуалните ракетни напади со долг дострел на руска територија само дополнително би ја потврдиле директната вмешаност на Германија, пренесува RT Balkan.
Тој рече дека Германија повторно стана непријател на Русија и повторно учествува во војната, водена, како што наведе, од идеолошкото наследство на нацизмот што самата го создала. Тој изјави и дека германскиот канцелар Фридрих Мерц е верен потомок на негови роднини кои, според него, служеле во Вермахтот.
Германија е директно вклучена во војната, Лавров испрати силна порака до Западот
Германија е директно вклучена во војната, Лавров испрати силна порака до Западот
„Доколку има информации дека германски воени специјалисти учествуваат во лансирање ракети со долг дострел на руска територија, може да се донесе каква било одлука за одмазднички мерки. Тоа е во надлежност на врховниот командант. Правото на целосна заштита на нашата земја не може да биде блокирано од никого, а тоа постојано го потенцираше нашиот шеф на државата“, заклучи Медведев.
На средбата за прашањата за пополнување на редовите на вооружените сили на Руската Федерација со договорни војници, тој изјави и дека до денес во воените единици пристигнале речиси 175.000 војници.
„Покрај тоа, од почетокот на годината, повеќе од 14.000 луѓе се примени во волонтерски единици“, посочи Медведев.
Путин го коментираше патриотизмот на граѓаните
Заменик-претседателот на Советот за безбедност истакна дека во средината на мај рускиот лидер Владимир Путин го оценил патриотското расположение на граѓаните.
„Претседателот во средината на мај го оцени расположението на нашите граѓани – патриотското расположение на оние кои се подготвени да ја бранат нашата татковина – и посочи дека секој месец ни се придружуваат од 50 до 60 илјади луѓе доброволно“, посочи Медведев.
Тој истакна дека е очигледно дека ситуацијата со противникот е суштински поинаква, што „ја покажува реалната ситуација“.
„Потребно е да се зајакнат тие тенденции и да се продолжи со работа на пополнување на вооружените сили преку договори“, заклучи Медведев.