Во Охрид денеска почнува Меѓународната конференција „Иднината на комуналниот сектор“ што ја организира АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија.
Конференцијата ќе се фокусира на идните предизвици и можности во областа на комуналните услуги – водоснабдување, отпадни води, енергетска ефикасност и управување со отпад – во контекст на урбанизација, климатски промени и технолошки напредок.
Преку панел-дискусии, презентации и споделување добри практики, конференцијата ќе овозможи креирање визија за трансформација на секторот и зголемување на неговата одржливост и ефикасност.