Мелони свика состанок со министрите поради иранската криза

WIKIMEDIA COMMONS

Италијанската премиерка Џорџа Мелони свика за денеска попладне видеоконференција со министрите и раководителите на националните разузнавачки служби во врска со најновиот напад на Израел врз Иран, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што наведуваат извори од италијанската Влада, Мелони со најголемо внимание го следи развојот на кризата во Иран, пренесе италијанската агенција Нова.

Во меѓувреме, во Министерството за надворешни работи во тек е вонреден состанок на шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани со амбасадорите на земјите од регионот погодени од израелската воена операција во Иран.

Зачлени се на нашиот е-билтен