Меркел: Новиот папа да го продолжи патот на Франциск

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека се надева дека новиот папа ќе го продолжи курсот кој го постави папата Франциск, пренесе ДПА.

Во изјава за католичката радио-станица „Домрадио“ во Келн, Меркел, која е ќерка на протестантски пастор, рече дека би било добро доколку се воспостави континуитет во Ватикан. Таа изрази надеж дека новата енциклика ќе се занимава со општото добро и дека патот на Франциск, кој е близок до човештвото, ќе продолжи.

Папската енциклика е писмо напишано од папата до епископите, појаснува ДПА.

Во својата последна енциклика, објавена во октомври, покојниот папа Франциск пишуваше за „човечката и божествената љубов на срцето кон Исус Христос“, според документ објавен од Светата столица.

Меѓу претходните теми на неговите енциклики се „Братство и социјално пријателство“ и „За грижата за нашиот заеднички дом“.

Меркел го опиша Франциск како многу политички папа со „првична побожност“ која му овозможува на луѓето лесно да ја развиваат својата вера во Бога. Таа додаде дека Франциск е познат по отворениот пристап кон сите луѓе, што за многумина носи големо олеснување. 

Зачлени се на нашиот е-билтен