Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски ги „впрегна“ јавните обвинители да вршат контрола во ОЈО за организиран криминал и корупција

Од основното јавно обвинителство преку соопштение денеска информираа дека ‘со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција’.

Во соопштението, пишува дека претходно, согласно надлежностите на Републичкото јавно обвинителство, контрола била извршена во сите виши јавни обвинителства во државата. ‘Надзорот се врши во согласност со член 21 од Законот за јавното обвинителство и Правилникот за вршење надзор над работата и постапувањето на јавните обвинителства донесен од Советот на јавните обвинители’, соопштуваат од ОЈО.

Од ОЈО информираат дека до крајот на годината, ќе биде извршен надзор и над постапувањето на Одделението за меѓународна правна помош во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и над Канцеларијата за врски со Европравда во републичкото обвинителство.

Главниот обвинител Љупчо Коцевски ги испрати сите обвинители на

Вонредниот увид во Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое го води обвинителот Ислам Абази, доаѓа по континуираните напади на премиерот Христијан Мицкоски врз обвинителите дека одредени обвинители ја кочат борбата против криминалот и корупцијата, кои се разболуваат кога треба да ги процесуираат овие предмети.

Премиерот Мицкоски, коментирајќи го „будењето од сон“ на Јавното обвинителство, денеска изјави дека нема намера да се меша во работата на органите на правдата, туку дека обвинителите треба да си ја вршат работата за која се платени од граѓаните.

Во изминатите десеттина дена, Мицкоски постојано упатуваше критики до судската и обвинителскта фела. Тој за државниот обвинител Љупчо Коцевски, рече ‘му дадовме шанса, но добивме стотици истраги и процеси кои се опструираат од обвинители’. Коцевски ги отфрли ваквите обвинувања кон Обвинителството и рече дека се неосновани.

Зачлени се на нашиот е-билтен