Мицкоски: Мора да бидеме проактивни и да прифатиме средба со бугарската страна

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека нема да присустува на престојниот Самит на НАТО во Хаг, таму ќе замине претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Во однос на најавите од бугарска страна дека наместо нивниот претседател Румен Радев ќе присустува премиерот Росен Жељазков, тој денеска истакна дека доколку има каква било иницијатива за средба меѓу македонската претседателка и бугарскиот премиер и тоа треба да се прифати, за да се покаже проактивност.

Тој додаде дека ќе побара состанок со претседателката и истакна дека доколку има каква било иницијатива за средба на ниво претседател-премиер тоа треба да се прифати.

-Ако има каква било иницијатива за средба на ниво претседател-премиер тоа треба да се прифати без разлика што јас нема да бидам таму, тоа е мојот став и убеден сум дека тоа ќе биде став и на претседателката. Мора да бидеме проактивни и да покажеме дека не е тоа тоа што се зборува, да покажеме дека неколку стотини наши граѓани, кои за себе велат дека бугарскиот им е мајчин јазик, дека тоа не е проблемот, туку има многу поголем проблем, тоа е политика стара децении.

Зачлени се на нашиот е-билтен