Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски најавува нови пресметки во судството со стари обвинувања за дијареја, грчеви и температура

-Размислуваме за неколку потези што ќе ги преземеме по празниците затоа што, и покрај најавите дека се поминати оние синдроми на анксиозност, дијареја, грчеви, покачена температура, се уште гледам дека тие процеси траат кај одредени обвинители и судии, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски и истакна дека граѓаните мора да добијат правда. 

Порача дека не се доволни само акциите кои ги презема МВР во борбата против криминалот и додаде дека сите институции треба да се вклучат во тоа. 

-Но гледаме дека понатаму како работите да не одат во оној правец во којшто граѓаните очекуваат да одат. Како Влада преку МВР ќе продолжиме да се бориме, но очекуваме целата оваа состојба да биде комплетна откако и другите институции ќе ја разберат важноста дека правдата мора да ја добијат граѓаните и дека мора да биде подеднаква за сите, посочи Мицкоски. 

Зачлени се на нашиот е-билтен