Мицкоски не е задоволен како медиумите информираат за СКАНДАЛОТ со паркингот на Клинички и „Ѓока“ од Албанија

Премирот Христијан Мицкоски денеска пред медиумите рече дека не бил задоволен како некои медиуми известувале за скандалот со паркинот на Клинички центар и давањето под концесија на фирмата „Ѓока“, од Албанија, под штетни и понижувачки услови за државата и граѓаните. Еве што точно изјави Мицкоски:

„Јас разбирам дека уредувачката политики на поедини медиуми има за цел да растури пердви со невистини и конструкции, да обвинува неосновано и сека ние како политичари треба да сме дефанзивни и да се браниме. Факт број еден: одлука се носи врз основа на физибилити студија, и во случајот филизибити студијата така кажала. Ние не можеме да одиме споривно од физибилити студијата. И второ, распишан е оглас, на кој се јавила само една компанија“, рече Мицкоски.

И оваа изјава на премиерот Мицкоски го потврди она што го објавувија медиумите, а тоа дека Владата предвидела смешно ниска провизија за државата – само 1% од годишните приходи на паркингот и дека други фирми не сакале да се пријават на тендерот .

Од СДСМ обвинуваат дека премиерот Мицкоски и министерот за здравство Таравари со нивните изјајави за скандалозниот криминал во најава со паркингот на Клинички, потврдиле дека не само што стојат зад договорот со „Ѓока“ и огромниот бизнис интерес, туку дека немаат никакво чуство и интерес да ги заштитат пациентите.

„Скандалозно и срамно е што министерот за здравство ја правда зголемената цена на паркирањето во Клиничкиот центар со цените во трговските центри. Граѓаните ќе плаќаат 50 денари на час, а не 30 како досега за да одат на лекар. Ова е врв на безобразлукот – споредувањето на луѓе кои се борат за живот со потрошувачи во шопинг молови. Пациентите, меѓу кои и лица заболени од рак и други тешки болести, немаат избор – тие мораат да дојдат во Клиничкиот центар, а Владата ги уценува со високи паркинг цени“, велат од СДСМ.

Дополнителен скандал е изјавата на Таравари дека други фирми не сакале да се пријават на тендерот, бидејќи Клиничкиот центар „можеби нема да остане таму повеќе од седум, осум, десет години. Таравари сам потврди дека Владата предвидела смешно ниска провизија за државата – само 1% од годишните приходи на паркингот. Со ова, според, опозицијата, Мицкоски и Таравари буквално го подаруваат паркингот на приватна фирма, дозволувајќи огромен профит на сметка на пациентите и граѓаните“, велат од СДСМ.

Алијанса на Албанците, смета дека паркингот на Универзитетскиот Клинички Центар треба да биде управуван од самата институција.

„Во едно социјално државно уредување, јавното здравство треба да биде главен столб на здравствените услуги и непрофитна институција. Сепак, одлуката на Министерството за здравство да го предаде управувањето со паркингот на Универзитетскиот Клинички Центар на анонимна приватна компанија предизвикува сомнежи за можни злоупотреби и неправилности.
Во минатото, паркингот беше управуван од самиот Универзитетски Клинички Центар, практика која беше поразумна и покорисна како за самата институција, така и за вработените и граѓаните кои ги користат здравствените услуги за себе или за своите блиски“, стои во соопштението на Алијансата на Албанците.

Зачлени се на нашиот е-билтен