Додека родителите на загинатите деца од Кочани во дискотеката „Пулс“, протестираат пред институциите, премиерот Христијан Мицкоски, е на партиски Конгрес на Европската народна партија кој се одржува во Валенсија, Шпанија. Мицкоски отаму не пропушти да порача дека Владата, останува длабоко посветена на конзеративните вредности: вредностите на семејството, одговорноста, економската слобода и почитувањето на владеењето на правото.
Мицкоски не беше тука да ги види солзите и тагата, но и да ги слушне пораките на родителите на децата кои ги загубија децата во трагедијата во дискотеката „Пулс“.
Родителите протестираат пред Обвинителството, пред Собранието и пред МВР.
И додека дебатираа пратениците внатре за побараната оставка за министерот за полиција, Панче Тошковски, надвор, пред Собранието, семејствата на жртвите повикаа на безусловна оставка.
„Се знае од каде смрди рибата, од главата, од Панче Тошковски и Коцевски. Жално е мајкиве во чии глави сè е измешано, да ја претворат својата болка во бес, погрешно канализиран. Министре, дали ќе нè удостоите или еден пратеник од Кочани да излезе пред нас и да каже дека нема да биде веќе пратеник? Има таков овие 40 дена? Нема! Срамота! Забораваат дека на овие места се затоа што народот ги донесе, а како ги донесе така и ќе ги однесе. Кога ќе биде посилен народот, тогаш знаеме што се случува. Надвор, отказ!“, рече еден од родителите.
.