Во нашата држава, образованието и писменоста не се само индивидуални потреби туку и колективна одговорност. Тие се клучни за економскиот развој, за градење праведно и инклузивно општество и за зацврстување на демократијата, истакна во обраќањето претседателот на Владата Христијан Мицскоси на свечена академија по повод 22 Ноември, Денот на албанската азбука.
Тој напомена дека само писмени и образувани граѓани може да учествуваат во општествениот живот и да носат информирани одлуки и да придонесуваат за просперитетот на нацијата.