СДСМ: Додека македонската економија тоне, Мицкоски се задолжува 8 милјарди евра и се луксузира како османлиски бег

Социјалдемократаите велат дека премиерот Христијан Мицкоски, во држава во која повеќе од 55% од населението не може да си обезбеди годишен одмор од седум дена, според последните истражувања на репрезентативниот Синдикат, Мицкоски зборува за четврта економија во светот, пред онаа на Исланд, Ирска, Данска и Норвешка.

Социјалдемократите сметаат дека Македонија се соочува со економски и енергетски колапс.

„Во моментов граѓаните се соочуваат со инфлација која ги јаде домашните буџети, земјоделците се жалат на катастрофални откупни цени, недостасуваат субвенциите, а оние кои се исплатени се намалени за речиси половина. Домашното индустриско производство пропаѓа, еден од најголемите рудници во земјава „Тораница“ е пред затварање, не работи РЕК Битола, празни се хидроенергетските капацитети. Истовремено, капиталните инвестиции во земјава се на историски најниско ниво од 26% во третиот квартал, и нема изгледи дека ќе се зголемат и во четвртиот квартал. И иако нема капитални инвестиции и проекти, пари на трезорска сметка нема“, велат од СДСМ..

Тие ја информираат јавноста дека не се враќа ниту ДДВ на даночните обврзници.

„Истовремено, Мицкоски се луксузира како османлиски бег, додека ја задолжува државата за 8 милијарди евра, а лаже дека „немало дополнителни задолжувања“. Македонија е пред сериозен колапс, Мицкоски го знае тоа и гледа да приграби што повеќе може додека го лаже народот“, посочуваат од СДСМ..

Зачлени се на нашиот е-билтен