Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека не се сретнал со Груевски во Будимпешта. Тој ја информираше јавноста, дека доколку би имало такво нешто, транспарентно ќе прозборел, бидејќи бил со чиста совест.
„Не, не се сретнав, но доколку би се сретнал ќе бидете информирани. Јас водам политика, врз принципот ‘вистината е најточна’. Така што верувајте секогаш кога нешто ќе се случи, јас кажувам, бидејќи нема што да кријам. Совеста ми е секогаш чиста“, рече Мицкоски.
Мицкоски, одговорот на новинарското прашање за средбата со неговиот сопартиец, Груевски, доброволно го дополни со информацијата дека наскоро ќе излезе со докази дека членови на претходната влада се сретнале со поранешниот премиер од редовите на ВМРО ДПМНЕ, во неговата сегашна резиденција во главниот град на Унгарија.
Од друга страна пак, Мицкоски ‘транспарентно’ не кажа колку чини „екскурзијата“, на министрите со авионот на турската компанија.
Во јавноста веќе излезе веста дека македонската делегација патувала со авион на турската компанија која ги реализира чартер летовите на туристи, организирани од германска компанија бидејќи немало редовна линија Скопје – Будимпешта. За сега нема информации колку чинел летот. Од владата за дел од медиумите информираа дека „владината делегација заминала со лет во организација на Владата преку Генерален секретаријат, поточно дека наводно биле платени само авионски карти преку ангажирана туристичка агенција за тоа“.
На втората заедничка меѓувладина седница на владините претставници на Македонија и Украина уште еднаш беа потврени истите позиции кои земјите ги имаат во однос на резолуциите и случувањата во Украина откако унгарскиот премиер Орбан испрати критика до останатите земји членки на ЕУ дека патот до мир во Украина е заедничка соработка со стратешкиот парнер САД кој пак веќе најави суспендирање на воената поддршка за Украина.
Владините функционери на ВЛЕН и ЗНАМ не беа дел од владиниот лет за Будимпешта.