Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски: Во Брисел презентиравме политики што гледаат подалеку од носот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека средбите во Брисел со новото раководство на Европскиот совет, биле запознавање на тамошните политичари со аргументите на Владата за надминување на спорот со Бугарија пред почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Ваквите разговори, како што најави тој, ќе продолжат и на претстојниот Самит на Европската Унија со земјите од Западен Балкан. 

– Разговаравме за сите теми коишто се од суштинско значење. Повторно поминуваме низ аргументите, дебатираме, даваме нови аргументи. Сепак треба да имате претстава дека тоа се нов состав, комплетно нов состав, вчера им беше практично вториот работен ден и дека голем дел од информациите коишто сега ги примаат се практично нови информации за нив. И врз основа на тие дискусии очекувам сега дополнително во периодот којшто следи да се развијат и обликуваат определени можни решенија. Повторно на 17 има редовен самит ЕУ-Западен Балкан, ќе бидам повторно таму од 17 до 19-ти, рече Мицкоски.

Тој оцени дека средбите биле квалитетни и биле понудени цврсти аргументи од Владата.

-Не верувам во инстант решенија. Правиме сè што можеме шести месец по ред буквално со сите можни, би рекол, личности коишто можат да играат улога во надминувањето на овој наметнат спор којшто не ни дозволува да напредуваме кон полноправно членство во ЕУ поради егзибиционистичката надворешна политика на претходната Влада, односно политика во којашто се гледа само до носот, подалеку од носот никој не гледал, така што сега мораме и тоа да го решаваме и ќе го решаваме, ќе се бориме, нема откажување, рече Мицкоски.

Со ниту еден чекор, повтори премиерот, нема да ги засрамиме македонските граѓани ниту пак да нанесеме каква било лузна на македонскиот идентитет. 

Претседателот на Владата Мицкоски денеска допатува од Брисел и учествуваше на конференцијата на тема „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“ во организација на Институтот за комуникациски студии. 

Мицкоски синоќа во Брисел присуствуваше на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на Западниот Балкан ја организира новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта, а попладнево имаше средба со новата еврокомесарка за проширување Марта Кос. Премиерот се сретнал и со претседателот на Европската народна партија, Манфред Вебер од кого очекува поддршка. 

Зачлени се на нашиот е-билтен