Мицкоски во Брисел заминува „со стандардниот куфер и пакување“!

Европската Унија мора да се врати на старите шини, кои се темелат на мерит системот, односно на постигнувања, а не на билатерални спорови, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, пред заминување во Брисел.

Тој вели во Брисел заминува „со стандардниот куфер и со стандардното пакување на стандарниот куфер“, при што ќе се заокружат билатералните средби со високи европски претставници, на кои се изнесуваат аргументите на Владаta во однос на начинот на продолжување на евроинтегративниот процес. 

Досега се потврдени две билатерални средби, со високата претставничка на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност, Каја Калас и со шпанскиот премиер Педро Санчез, а се очекува уште една билатерaлна средба, надвор од мултиратралните. 

Нагласи дека по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта се заокружува овој спектар на билатерални средби на кои се изнесени аргументите на македонската Влада.

-Мислам дека сите ќе знаат кои се нашите аргументи, што се нашите аргументи, кои се нашите стравувавања, зошто сме загрижени и дека сме подготвени да најдеме решение, коешто не е решение само за првиот чекор, туку е решение коешто ќе не однесе до крај. Затоа што ова е решение коешто тие го кажуваат за првиот чекор. Такво решение, не благодарам, рече Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен