„Со самото тоа што некој е бегалец и е недостапен на органите на прогонот, тој само потврдува дека е виновен. Јас ги разбирам, не ги оправдувам пораките кои што доаѓаат од опозицијата, а ние само со дела можеме тие шпекулации да ги сопреме“, рече премиерот Христијан Мицкоски, во интевју за МТВ, направено во Брисел. Според него, Артан Груби и за сите оние, за кои постои основано сомнение дека сториле криминал, Обвинителството треба да докаже дека се виновни, а од страна на судовите да биде одредена мерка, врз основа на доказите.
За обвинувањата на СДСМ дека, Груби е пуштен со помош на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека не очекува СДСМ и другите опозициски партии да излезат во јавност и да речат „браво, успешно завршена акција“.
„Тие ќе си продолжат со измислици и со монтажи. Не велам дека е брилијантно, не велам дека ние чуда направивме за шест месеци, но факт е дека чувството се враќа. Факт е дека бројот на испитаници кои што велат дека Македонија се движи во вистинска насока е четири до пет пати поголем, од тоа што беше пред шест месеци. Ќе работиме уште подобро“, рече Мицкоски.
Од СДСМ, пак, велат, целата акција на МВР поврзана со дејствијата околку Артан Груби е проsирна, бидејќи била договорена. Тие тврдат дека суспензиите на двајцата полицајци на Блаце се исценирани.
„Едното од лицата, лицето Б.Ј. чиј идентитет засега нема да го откриеме, е внимавајте, службеник кој е поставен на таа позиција откако Тошковски станува министер. Значи по налог Тошковски, Б.Ј е прераспределен на позиција контрола на граничен премин иако претходно извршувал друга работна задача неповрзано со контролата на граничните премини. Ова значи дека човекот кој го има пропуштено Груби е негов личен избор за таа позиција. Го прашуваме Тошковски, дали е вистина дека токму од причини за да може да врши вакви дејствија Б.Ј е поставен на оваа позиција?, велат во СДСМ.
Од СДСМ потсетуваат дека по истата шема при бегството на терористот Блерим Рамадани, Тошковски ги обвини лицата кои го пропуштиле кои тој самиот ги назначил. ‘За да е појасно, ако тогаш стануваше збор за избор на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН, сега станува збор за лице кое е избор на Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ’.
„МВР вчера соопшти дека се изречени суспензии за двајцата полицајаци. Но, внимавајте што се случува, полицаецот Б.Ј истиот ден откако го пропуштил Груби земал боледување. Со тоа, де факто не може да биде суспендиран се додека му трае боледувањето. Зошто Тошковски лаже дека се суспендирани кога тоа не е направено? Дали сака да го заштити, или пак чека да се забоошоти целата ситуација? И зошто не е поднесена кривична пријава против полицајците туку наводна суспензија кога станува збор за дело за кое може да се поднесе кривична пријава“?
Од СДСМ повикаа министерот да си поднесе оставка.
„До кога ќе удира Тошковски по самарот во услови кога тој лично и целата акција која ја предовдел затаила, или како што се соменваме, е намерно изведена така за да се пропушти Груби. Кога тој ќе поднесе одговорност за сите скандали кои му се случуваат?“, велат во СДСМ.