Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски за Стоиљковиќ: “Оправдано отсутен, со желба да биде присутен на меѓувладината седница“

На седницата меѓу двете влади, македонската и косовската, не беше присутен министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљовиќ. Прашан зошто вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ не присуствувал на денешната меѓувладина седница, Мицкоски рече дека „не е присутен поради оправдани обврски“.

„Би сакал да кажам дека членот на Владата, Стоиљковиќ гореше од желба да биде денеска овде во Приштина, но, бидејќи ние ја поместивме владината седница требаше да биде во петокот, а денеска е понеделник и поради оправдани обврски не е денеска тука. Но, затоа заменикот министер, Неждет Мустафа денеска е тука и навистина имаше една прецизна јасна дискусија со неговиот хомолог од косовската Влада“, рече Мицкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен