Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска во Брисел изјави дека членството на Црна Гора во Европската унија е амбициозна, но остварлива цел.
„Црна Гора е лидер во процесот на пристапување во ЕУ, единствената земја која ги отвори сите и затвори шест поглавја. Поставивме амбициозна цел да станеме 28-ма членка на ЕУ до 2028 година. Тоа е амбициозна, но веруваме остварлива цел“, изјави Милатовиќ на новинарите во Брисел.
Пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан, Милатовиќ изјави дека влезот на Црна Гора во ЕУ „ќе испрати јасна и силна порака до сите останати земји кандидати дека проширувањето е живо и дека политичките и економските реформи даваат резултати“.