Милорад Додик хоспитализиран во Белград

Фото: Kremlin.ru, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик вечева бил хоспитализиран во болница во Белград, објавија српските медиуми.

Додик се пожалил на акутни болки и попладнево бил прегледан во Белград, по што бил хоспитализиран.

Според првичните дијагности, по потребните подготовки врз него ќе се изврши оперативен зафат на на хранопроводникот и стомакот, објави српски Телеграф.

Од неговиот кабинет објавија дека навремено ќе ја известат јавноста за здравствената состојба на претседателот на Република Српска.

Зачлени се на нашиот е-билтен