Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Годинава во Словенија се родени помалку деца од претходната

Во Словенија минатата година имало 16.735 породувања, што е за 130 помалку од 2023 година. Тоа е досега најниско ниво на бројот на родени во Словенија, соопшти Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

Проценетиот број живородени, вклучително и повеќеплодната бременост, е околу 16.900.

Засега, привремените и неофицијални податоци на НИЈЗ го потврдуваат продолжувањето на негативниот тренд на бројот на родени деца во Словенија.

Со исклучок на 2021 година, бројот на родени деца се намалува од 2010 година. НИЈЗ како главна последица од помалиот број раѓања го наведува намалувањето на бројот на жени во репродуктивна возраст. Во исто време, вкупниот наталитет останува релативно стабилен, иако и тој е во благ пад, додаваат од НИЈЗ.

Зачлени се на нашиот е-билтен