Младите да аплицираат на огласите за грантови од Оперативниот план

Младите да се пријават на огласите за грантови од Оперативниот план за вработување што Владата го усвои на седница и беше презентиран во средата. Планот предвидува вработување на 16 000 лица кои се работоспособни.

Мицкоски очекува дека 65 проценти од проијавените ќе бидат млади, на возраст до 29 години коишто, во зависност од тоа дали ќе имаат компанија по принципот ДООЕЛ или ДОО, ќе добиваат грантови.

Тој појасни дека ако компанијата е ДООЕЛ (Друштво со ограничена одговорност – едно лице) грантовите ќе бидат до 10.000 евра, а ако е ДОО (Друштво со ограничена одговорност) – од 13.000 до 20.000 евра, во зависност од тоа колку ќе се здружуваат.

„Мислам дека ова е исклучително квалитетен чекор напред. Предвидени се 40 милиони евра, околу 2,5 милијарди денари, така што ги повикувам апликантите да се пријават на огласот“, рече Мицкоски.

Најави нов повик за млади до 29 години од септември, кога ќе се грантират стартап бизнис-идеи што ќе ги оценува посебна комисија.

„Но, да почекаме есен и да биде уште едно пријатно изненадување за младите“, додаде тој.

Зачлени се на нашиот е-билтен