„Постои широко распространета предрасуда дека генерацијата Z бара многу, а работи малку. Но, тоа не е точно. Младите луѓе се толку вредни како што не биле долго време.
Денешните млади работат повеќе од оние во деведесеттите. Особено студентите, бидејќи се почесто имаат работа со скратено работно време, отколку оние пред неколку години. Со ваквите податоци тие ги демантираат вообичаените предрасуди за „мрзливата генерација“.
Учеството на младите луѓе на пазарот на трудот од 2015 година расте силно и натпросечно. До овој заклучок дојде Студијата на Институтот за истражување на пазарот на труд и занимања (ИАБ). Според неа, стапката на вработеност кај младите од 20 до 24 години во Германија се зголемила меѓу 2015 и 2023 година на 79,5 отсто.
За анализата се користени податоци од Федералната агенција за труд (БА) и статистика за населението од Федералното биро за статистика. Анализирани се само податоци за лица со германско државјанство. Ако ги погледнеме податоците за населението, стапката на вработеност кај младите била околу 76 отсто, пишува Дојче веле.
Стапката на вработеност може да биде дури и повисока
Во зависност од методот на пресметка, вработеноста во оваа возрасна група се зголемила за околу пет или шест проценти, според истражувачите на ИАБ. Последен пат толкав процент млади работеа во средината на деведесеттите.
Денешната стапка на вработеност кај младите може дури и да биде потценета во историските споредби. Имено, според авторите на студијата, пред 1996 година, статистиката за вработување ги вклучувала невработените кои не биле веднаш достапни за работа. Денеска во статистиката посебно се чуваат под името „тивка резерва“.
Повеќе од половина од студентите работат
Поголемата вработеност кај младите особено се должи на зголемувањето на бројот на студенти со скратено работно време: стапката на вработеност на студенти на возраст од 20 до 24 години се зголеми меѓу 2015 и 2023 година за 19,3 проценти, достигнувајќи 56 проценти. Во исто време, стапката на вработеност на сите не-студенти во оваа возрасна група исто така се искачи на 85,9 отсто – за 1,6 отсто.
Имајќи ги предвид овие бројки, шефот на одделот за истражување на IAB, Енцо Вебер, нагласи: „Постои широко распространета предрасуда дека генерацијата Z бара многу, а работи малку. Но, тоа не е точно. Младите луѓе се толку вредни како што не биле долго време.