Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска денешната одлука на Судскиот совет, да ја избере за в.д. претседател на Основниот кривичен суд, Скопје, судијката Даниела Димовска, ја нарече скандалозна бидејќи, наместо највисоко рангираниот кандидат, ја избира Димовска која била дури единаесетта на ранг-листата.
Таа на социјалните мрежи напиша:
„Циркусот од вмровската интерпелација против Судскиот совет беше една обична фарса… Очигледно, интерпелацијата за власта е успешна. Ги дисциплинираа членовите од Судскиот совет за конечно вмровските судии од ‘тефтерчето’ на Горде да добијат функции во нивното партизирано судство.“
Мојсоска посочи дека Димовска има истакнато партиско минато, како поранешна асистентка на пратеникот Влатко Ѓорчев, додека нејзиниот сопруг работел во кабинетот на градоначалникот Тимчо Муцунски.
Според неа, изборот на судијка со партиски врски, наместо најдобро рангираниот кандидат, е уште еден доказ за длабоката партизација на правосудството.
Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:
„Вмровската судијка ДАНИЕЛА ДИМОВСКА денес Судскиот совет ја избра за ВД претседател на Кривичниот суд како ЕДИНАЕСЕТ РАНГИРАНА. Значи наместо најдобро рангираниот судија, Судскиот совет за ВД претседател ја постави дури 11-рангираната!
Дел од нејзиното богато партиско минато и заслуги за оваа висока позиција е тоа што била асистентка на пратеникот Влатко Ѓорчев, додека нејзиниот сопруг работел во кабинетот на Тимчо Муцунски (како градоначалник на Аеродром).
Циркусот од вмровската интерпелација против Судскиот совет беше една обична фарса, а власта на пресови веќе ја нема да најавува разрешување на членовите на Судскиот совет. Очигледно, интерпелацијата за власта е успешна. Ги дисциплинираа членовите од Судскиот совет за конечно вмровските судии од “тефтерчето” на Горде да добијат функции во нивното партизирано судство“, напиша Мојсовска на својот фб.