Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Муртезани: Да продолжиме да ги браниме нашите позиции

Мое лично мислење и впечаток од сите мои досегашни состаноци е дека не е добро да инсистираме само на едно решение со Бугарија. Ние да инсистираме да ги браниме нашите позиции и да ги елаборираме истите, бидејќи ако инсистираме само на едно решение тогаш не знаеме каде би можело истото решение да не’ води, особено имајќи предвид дека ваквиот предлог како што се сеќавам беше одбиен од бугарската страна уште при францускиот предлог. 

„И второ, не дека земјите членки имаат спремност овој предлог така да го поддржат. Меѓутоа, тоа е прв чекор којшто јас сум сигурен дека може да не’ води кон изнаоѓање на предлог којшто ќе биде прифатлив од двете страни“, рече Муртезани за МИА.

Според него, билатерализацијата на процесот на пристапни преговори во Европската Унија не станува проблем само за земјите кандидати, туку почнува да станува сериозен проблем и за самата Унија.

„Особено сега кога при затворањето на поглавјата на Црна Гора, и Хрватска најави одредени блокади. Исто така, и за други земји кандидати во најава има одредени блокади и билатерализацијата на процесот на пристапување во Европската Унија не создава штета само за земјите кандидати, туку и за Европската Унија“, нагласи Муртезани.

Вели дека земјите-членки се свесни за овие проблеми и оти ги слушаат со внимание нашите аргументи.

„Ние на неколку наврати заедно со премиерот сме се обиделе да објасниме дека преземените обврски во однос на спроведувањето на уставните измени стојат како такви, постои политичка волја и спремност тие да се носат, меѓутоа притоа мора ние да го заштитиме процесот од понатамошна билатерализација, особено од една дополнителна причина бидејќи дизајнирањето на процесот на пристапување е при спроведување на одредени реформи и одредени европски стандарди“, истакна Муртезани. 

Според него, нема никаква смисла ако процесот го водиме врз основа на одредени историски случувања од 11, 12 или 13 век. 

„Затоа, ако процесот треба да не направи кредибилна земја за влез во Европската Унија процесот мора да се насочи во реформите и постигнувањето на стандардите. За ова има разбирање во Брисел, има поддршка не само во нашиот случај и пошироко да се реши. Останува на нас преку билатерални иницијативи да се надеваме дека овие обиди во соседна Бугарија ќе завршат со солидна стабилна политичка влада со која ќе седнеме да разговараме бидејќи билатералните договори создаваат обврски за двете страни, а со Договор за добрососедство и пријателство Бугарија е обврзна да не’ поддржува, а не да не’ блокира“, дециден е Муртезани.

Зачлени се на нашиот е-билтен