Муртезани во Финска: Северна Македонија е силно посветена на европскиот пат

Перспективите на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија, биле теми на разговор на денешната средба во Хелсинки меѓу министерот за европски прашања Орхан Муртезани и министерот за европски прашања на Република Финска, Јоаким Странд.

Муртезани истакнал дека Северна Македонија е силно посветена на европскиот пат и дека напредокот на земјата во реформските процеси заслужува континуирана поддршка од земјите-членки на Унијата.

Од Министерството соопштија дека соговорниците разговарале за тековните активности во контекст на реформите во клучните области, како владеење на правото, зајакнување на демократските институции и јавната администрација.

Муртезани информирал за напредокот на Северна Македонија во усогласувањето со европските стандарди, како и за подготвеноста на земјата да го отвори првиот Кластер „Фундаментални вредности“ во преговорите со ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен