Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

МВР: Со „аудито“ кое излетло во Вардар кај Рашче, управувала 23-годишна девојка од Грчец

23-годишната Н.А. била зад воланот на возилото „ауди“ кое пред два дена излета од патот Сарај-Рашче и заврши во реката Вардар, информираат од МВР.

Освен неа, во несреќата загинаа уште две женски лица, кои беа заглавени во автомобилот, а вчера во водите на реката беше пронајдено и машкото лице по кое се трагаше.

Единствено кој ја преживеа оваа несреќа беше 5-годишното момче кое излетало од возилото за време на падот.

Тоа се спасило држејќи се за гранките, а беше пронајдено од локални минувачи. Детето е во стабилна состојба и се очекува наскоро да биде пуштено на домашно лекување.

Зачлени се на нашиот е-билтен