На Америка и се заканува банкрот: САД се загрозени од корупција и прекумерно трошење

Ако ништо не се преземе, таканаречениот брод „Америка“ ќе потоне, рече Маск.

Соединетите Американски Држави се соочуваат со банкрот поради корупција и прекумерно трошење, изјави шефот на американското Министерство за владина ефикасност, Илон Маск.

„Ако една земја троши премногу, ако не троши паметно, ќе банкротира, исто како човек. Причината поради која работам овде е затоа што сум многу загрижен дека Америка може да банкротира поради корупција и трошоци. „Ако ништо не се преземе, таканаречениот брод „Америка“ ќе потоне“, изјави милијардерот во интервју за Фокс њуз.

Според него, „махинациите и расипништвото на владата се толку големи“ што поради тоа САД губат два трилиони долари годишно.

„Државниот долг на САД порасна толку многу што дури и каматата за него го надминува целиот воен буџет. Неконтролирано порасна“, додаде бизнисменот.

Веднаш по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари, властите во земјата започнаа со преглед на големите расходи на државниот буџет.

Според Илон Маск, одделот за ефикасност на американската влада очекува да ги намали трошоците на Вашингтон за два трилиони долари. По иницијатива на Маск, работата на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) беше привремено прекината со цел нејзина понатамошна реорганизација.

Зачлени се на нашиот е-билтен