Вишиот суд во Нови Сад им го продолжи притворот на осомничените во истрагата што се води поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а две лица се тешко повредени.
На еден осомничен за кривично дело тешко дело против општата безбедност, во врска со кривичното дело предизвикување јавна опасност поради вознемирување на јавноста, продолжен му е притворот за 30 дена.
И на другите деветмина осомничени за кривично дело тешко дело против општата сигурност во врска со кривичното дело непрописно и неправилно изведување градежни работи исто така продолжен му е притворот за 30 дена бидејќи би можеле да го повторат кривичното дело за кое се осомничени и поради вознемиреност во јавноста.