На социјалните мрежи кружи лажна верзија на насловната страница на францускиот сатиричен неделник Шарли Ебдо, која го прикажува украинскиот претседател Володимир Зеленски како Квазимодо, еден од главните ликови во романот „Богородичната црква во Париз„ (Грбавецот од Нотр Дам), на францускиот писател Виктор Иго.
Насловот на наводната насловна страница гласи „Какво е тоа отворање на Нотр Дам без грбавецот?“, мислејќи на повторното отворање на култната париска катедрала во декември, пишува Euro News. На сликата е и францускиот претседател Емануел Макрон како се ракува со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Сликата обично се споделува заедно со насловите во кои се исмејуваат Зеленски и неговите напори да ја зајакне поддршката за Украина против руската инвазија. Дел од корисниците на социјалните мрежи велат дека дури и Шарли Ебдо се свртел против Зеленски, додека други тврдат дека тоа покажува дека Западот се врти против претседателот.
Сепак, доказите покажуваат дека корицата е лажна и сугерираат дека таа е дел од руската пропагандна кампања против Украина која едноставно го копирала уметничкиот стил на Шарли Ебдо. Многу од интернет медиумите кои ја споделуваат сликата се проруски, што укажува на руските напори да ја поткопаат поддршката за Киев.
Оваа конкретна насловна страница на Шарли Ебдо е лажна бидејќи не се појавува никаде на веб-страницата на магазинот. EuroVerify кој напиша дека и сатиричниот весник Шарли Ебдо, потврдил дека сликата не е нивна.