Во македонската метропола вечерва на новогодишната ноќ ќе го нема традиционалниот огномет. Средствата за огнометот ќе бидат донирани во хуманитарни цел. Оваа одлука ја донел Градот Скопје. Информацијата ја пренесе 4NEWS.mk
За пречекот на новата година на градскиот плоштад „Македонија“ ќе настапат македонски музичари. Музичката програма за испраќање на старата и пречекот на Новата 2025 година во главниот град вечер ќе биде со македонски изведувачи.
„Празнична магија 2025“ на плоштадот „Македонија“ организирана од Град Скопје започна со настапот на Сара Мејс, потоа ќе настапат „Љубојна“ „Ареа“, и „Нокаут“.
Преостануваат уште неколку часа до стартот на новата 2025-та. Во македонската метропола веќе почна новогодишната еуфорија. Во центарот на градот кафулињата и рестораните веќе се полни, скопјани и годинава традиционално на дневните забави се загреваат за дочекот на Новата година.