Генералната оценка на здравствените институции во Скопје е дека ноќта поминала прилично мирно со помал обем на работа.
На новогодишната ноќ со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти, а најмладиот има 14 години, додека 13-годишно дете се здобило со тешки повреди на раката од петарда и ќе има траен инвалидитет.
– На Универзитетската клиника за токсикологија новогодишната ноќ помина прилично мирно. Прегледани се вкупно 21 пациент од кои 18 како акутни труења со алкохол. Од тие 18 четири се женски, а 14 машки. Кај женските најмладата пациентна е 17, а најстарата 26, а кај машките најмладиот е 14, а кајстариот 38 гдини. Вообичаено како секоја година имаме помалку пациенти од минатата година, изјави Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија во Скопје.
Еден од пациентите измешал алкохол и таблети. Акутното труење е индивидуално и, како што појасни Чибишев, може да се случи и со две чаши алкохол.
И дежурството на новогодишната ноќ во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридкси“, според директорт Небојша Настов, поминало мирно, со вообичаен број на итни пациенти како во нормалните денови. Вкупно се прегледани 81 пациент, пет како последица на сообраќајни несреќи, тројца се од физички пресметки и извршени се три оперативни интервенции.