Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На протестите во Нови Сад, полицијата приведе опозициски пратеници од градското собрание

Опозициската Партија на слободата и правдата денеска на 24 февруари, објави дека бара итно ослободување на сите „уапсени опозиционери и отфрлање на сите обвиненија како неосновани“, наведувајќи дека тој ден, меѓу другите, бил уапсен и Владимир Вршајков, член на советот на партијата во градското собрание на Нови Сад.

„Режимот на СНС (Српската напредна партија) повторно ги апси политичките противници“, објави веб-страницата на партијата.

Народното движење на Србија (НПС) побара и ослободување на покраинскиот пратеник на партијата, Предраг Драгојевиќ, кој беше приведен во Нови Сад, тврдат тие, под обвинение за напад на службено лице, пренесува агенцијата Бета.

Тој е приведен по денешниот протест пред градското собрание на Нови Сад кога опозициските советници беа физички спречени да влезат во зградата и да присуствуваат на седницата на која беше избран новиот градоначалник на Нови Сад“, се вели во партиското соопштение.


Опозициското граѓанско движење Браво од Нови Сад на социјалната мрежа Инстаграм објави дека е приведен и нивниот член Брајан Брковиќ.

Миран Погачар, член на градскиот совет од движењето Браво, во видео обраќање изјави дека му било наредено да биде задржан 24 часа во полициската станица бидејќи „фрлил јајце кон полицискиот кордон“.

Партијата за слобода и правда во соопштението наведе дека тој ден во Нови Сад биле приведени пет опозициски личности од различни политички партии и движења, меѓу кои и Горан Јешиќ, поранешен функционер на Демократската партија и на Владата на Војводина.

Новиот градоначалник на Нови Сад беше избран на седница на 24 февруари, додека дел од граѓаните и опозицијата протестираа пред зградата на Собранието.

Насобраните на тој протест фрлаа јајца, црвена боја, јогурт, брашно и тоалетна хартија кон полицијата и зградата на Собранието.

И Обединетата новосадска опозиција соопшти дека не го признава изборот на градоначалник. Советниците од опозицијата не беа во салата за време на изборите за градоначалник.

Српското Министерстви за внатрешни работи објави дека имало апсења поради нереди пред собранието во Нови Сад, односно преку соопштение ја информираше јавноста дека има уапсени и приведени протестанти. Од полицијата велат и дека при собирот пред Градското собрание биле повредени петмина полицајци, од кои едниот имал скршеница на дланката.

Зачлени се на нашиот е-билтен