Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На Родос и Карпатос откриени над 180 мигранти

На грчкиот остров Карпатос во текот на вчерашниот ден биле откриени вкупно 124 лица кои во два одвоени случаи пристигнале со два глисери, додека пак на островот Родос, беа спасени 63 бегалци и мигранти и извлечени безживотните тела на две лица.

За трите одвоени случаи биле уапсени вкупно три лица под сомнение дека се криумчари.

На Карпатос, како што соопштија од крајбрежната служба, во раните утрински часови вчера биле информирани за глисер на една од плажите на островот, по што биле откриени 58 лица, а кусо подоцна биле информирани за уште еден глисер и на копно биле откриени уште 66 бегалци и мигранти.

Откриените 124 лица биле пренесени во прифатен простор, а по спроведената прелиминарна истрага бил уапсени 24-четиригодишен странски државјанин. 

Во морскиот дел источно од островот Родос, како што вчера објави МИА, во новата несреќа со мигранти животот го загубија две лица, а 63 беа спасени.

Од крајбрежната служба на Грција денеска информираа дека меѓу спасените 63 бегалци и мигранти се и две лица, најверојатно криумчари, кои се уапсени, додека пак загинаа еден маж и едно дете. 

Зачлени се на нашиот е-билтен